Медалот на Ралф Лорен му беше врачен лично од Хилари Клинтон, која на сцената се појави во костум од дизајнерот. Говорот кој го одржа Лоран доби делумно политичка конотација, пред се поради пофалните критики упатени кон Клинтон.
„Доколку во политичката арена постои жена која би требало да биде претседател на Америка, тогаш тоа е Хилари Клинтон. Таа е талентирана и со долго искуство во својата работа. Горд сум што успеа да изгради статус на успешна жена, а истовременои да направи толку многу за својата земја“ – изјави Лорен.
Ралф Лорен за реставрацијата на Националниот музеј на афро - американската историја каде Институцијата Смитсониан собира артефакти за 400 годишната историја на Американците со африканско потекло, донираше 13 милиони долари