Нови ѕвезди во американската мода

12 јули 2013

Магазинот Вог ги подржува младите талентирани американски дизајнери, а победникот покрај промоција ќе добие и награда од 300 000 американски долари. Дизајнерите кои ќе го освојат второто и третото место ќе добијат по 100 000 американски долари, па затоа добро запаметете ги овие имиња кои имаат намера да владеат на светските модни писти.

Во категоријата за машка мода номинирани се: Тим Копенс, Тод Снајдер, Дао Ји Чао и Максвел Озборн. Во категоријата за женска мода номинирани: се Миша Ноно, Вероника Меле Берд, Вероника Свансон Берд, Жан Карлос Обандо, Рајан Лобо и Рамон Мартин. За најдобри модни додатоци ќе се натпреваруваат Марк Арлеј и Џејсон Џонс.

Ова е шанса голем број анонимци да стаат познати бидејќи Проенза Шулер и Александар Ванг се само некои од досегашните победници.

Објавено:
12 јули 2013
Категорија: 
Актуел
Тагови: 
Вог