Секси комбинации на годишната забава на Вог

12 ноември 2013

Вероника Свансон, Лили АЛдриџ и Вероника Бирд

Секси фустани и софистицирани фризури, се апсолутен моден хит меѓу познатите дами за оваа есен-зима сезона, што се покажа и на годишната забава што ја организираа Здружението на американски дизајнери и списанието Вог.

Актерката Кристина Ричи ја истакна совршената фигура во морнарско син фустан без прерамки. Со фустанот од парчиња, нејзин избор беа црни чорапи и сведени салонки во истата боја, а кога е косата во прашање, пунџата беше вистински избор.

Дуцен Крос цртите на лицето ги истакна со крената коса, а белиот фустан и златните детали, како и чевлите и дадоа еден елегантен и софистициран изглед.

Џулијан Мур вниманието го привлече со шик избро на фустан со црвен отсјај.

А како беа облечени останатите гости и кој се беше присутен, погледнете во галеријата во продолжение.

 

Објавено:
12 ноември 2013
Категорија: 
Сцена