Модни икони од времето на Гетсби #1

17 јули 2013

Камбекот на боб фризурите и неповторливата женственост од дваесеттите години на минатиот век најдобро се опишува преку модните икони од тоа време, почнувајќи од Грета Гарбо, па се до Глорија Свансон.

Луис Брукс можеби не е првата која ја направи боб фризурата, но дефинитивно ја прослави на филмското платно.  Индивидуалниот стил и нејзината скромност ја прават да биде една од најголемите холивудски енигми.

Џоан Крафорд успеа да го освои тронското место во Холивуд со улогата во филмот „Our Dancing Doughters“  во 1928 година. За кратко ги освои симпатиите на голем број фанови, со несекојдневниот кежуал изглед и Арт Деко мејкап.

Коко Шанел дефинитивно е име кое со почит и ден денес се спомнува во модните кругови, а во дваесеттите години се создадени познатото Коко Шанел сако и малиот црн фустан, исконските креации кои се задолжителни модни парчиња во денешно време.

Глорија Свансон е можеби една од најголемите ѕвезди од дваесеттите години, позната повеќе по екстравагантниот стил, отколку по начинот на глумење.

Исто како Грета Гарбо, така и Анита Пејџ уживала статус на ѕвезда, а била позната по кадрава руса коса која најчесто ја криела со капи.

Евелин Брент се прославилсо улогата во првиот гангстерски американски филм „Underworld“. Била позната по носењето на тесни капи украсени со детали, најчесто впечатливи пердуви.

Во средината на дваесеттите години, светот падна на шармот на шветската актерка, Грета Гарбо. Нејзината фризура чии завршетоци се во форма на федора за брзо време стана голем хит, а истото се однесува и за стилот на актерката.

Големите истакнати очи и воуменизираните кадри беа знак на препознатливост на канадската ѕвезда Мери Превост, која стана позната по перформансот во „The Beautiful and Damned“.

Гилда Греј се прославила како кралица на танцот, препознатлива по кадравата  руса коса и цртаните веѓи долго пред Марлен Дитрих да биде позната по овој стил.

Клара Боу дебитираше во „The it girl“ а успехот проследи со добивање на 45. 000 писма секој месец. Во Холивуд била позната како секс симбол и модна трендесетерка која сакала да експериментира со изгледот и модните парчиња, на пример носејќи само една обетка.

Објавено:
17 јули 2013
Категорија: 
Модна икона