Бројни светски ѕвезди ги заземаа првите редови на ревиите на светските дизајнери во рамки на модната недела во Париз.
Сите изгледаа одлично, претежно во парчиња од колекции на дизајнерите на чии ревии присуствуваа. Секако, највпечатлива од сите беше поп дивата Ријана која го привлече сето внимание на ревиите каде што присуствуваше.
Буквално секаде каде што се појави, пејачката зрачеше со сексапил во „лудите“ комбинации што ги правеше. Се чини, најмногу внимание привлече на ревијата на Кристијан Диор каде што се појави во ултра секси кусо фустанче, подвезици, црвена бунда и ракавици. Таа изгледаше одлично и на ревијата на Балман каде пристигна во темно зелено кожено палто со големо деколте и здолниште до колената. Сосема пристојна, беше на ревиите на Шанел и на Стела Мекартни каде одлично се забавуваше во ист ритам со моделите.
Една од најприсутните светски ѕвезди на ревиите беше и прекрасната Џесика Алба која изгледаше одлично во првите редови на H & M, но и во одличната комбинација во која се појави на ревијата на Нина Ричи.
Прекрасна беше и актерката Кира Најтли која едноставно блескаше во црно – белата комбинација во првите редови на Шанел каде се појави заедно со нејзиниот вереник.
Во продолжение во галеријата погледнете некои од највпечатливите ѕвезди што блеснаа во првите редови на ревиите на некои од најдобрите светски дизајнери.