Лупита Нјонго и Џесика Алба највпечетливи на MTV филмските награди

14 април 2014

Во срцето на Лос Анџелес вчеравечер се одржа доделувањето на МТВ филмските наградите каде се појавија голем број светски ѕвезди во своите најблескави изданија.

Она што дефинитивно беше и повеќе од очигледно е дека црвениот килим вчеравечер беше предводен од прекрасните Лупита Нјонго и Џесика Алба кои блеснаа во одлични комбинации.

Како што и се очекуваше, оскаровката Лупита уште еднаш покажа дека таа и нејзиниот тим навистина се непогрешливи кога станува збор за комбинациите за црвениот килим, а истото беше случај и со шармантната Џесика Алба. Лупита овојпат се одлучи за колоритна варијанта на Шанел фустан во комбинација со небесно сини чевли од Џими Чу и Шанел чанта.

Џесика пак, изгледаше прекрасно во краткиот бел топ и жолтото волуменозно здолниште – креација на Кензо.

Вниманието на црвениот килим дефинитивно го одземаше и единствената Ријана која што се појави во бел сатенски корсет и бела наметка од последната колекција на дизајнерката Улијана Сергеенко.

Во комбинација со тренди сандалите во бела боја и совршено одбраниот накит, но и лесно собраната виткана црна коса, 26 – годишната пејачка изгледаше неодоливо. Вечерта таа ја продолжи во тренди комбинација со која имаше неповторлив настап во комбинација со Еминем кога ја изведоа нивната ултра популарна Monster.

Вечерта ја предводеа младите ѕвезди од т.н „тин серии“, по кои нивните фанови буквално полудеа.

Што се однесува до наградите, со статуетка за најдобра женска улога си замина прекрасната Џенифер Лоренс за улогата во Hunger Games, за најдобар машки изведувач нејзиниот колега Џош Хачерсон, најдобар филм Hunger Games, најдобра изведба на негативец Мила Кунис за улогата во Oz The Great and Powerful, најдобар бакнеж Вил Полтер, Џенифер Анистон и Ема Роберт во We are the Millers, херој – Хенри Кавел како Кларк Кент во Man of Steel.

Почесна награда за најдобра двојка во филм добија Вин Дизел и постхумно, починатиот Пол Вокер.

Во продолжение погледнете ги ѕвездите што оставија најголем впечаток на годинешното доделување на МТВ филмските награди.

Објавено:
14 април 2014
Категорија: 
Сцена