MTV Movie Awards во знакот на различни модни комбинации

14 април 2015

Голем број познати лица од светскиот шоу-бизнис беа дел од 24-тото доделување на филмските награди MTV Movie Awards, одржано во неделата во Лос Анџелес.

Кога е во прашање црвениот килим, буквално имаше сè и сешто. Од змеј-креации, преку комбинации каде доминираат принтани парчиња, до беспрекорни комбинации.

Баи Линг

Џенифер Лопез во креација на Версаче, поточно на Ентони Вакарело блесна, како и Скарлет Јохансон во розовиот комбинезон од последната колекција на Зухаир Мурад.

Скарлет Јохансон во креација на Зухаир Мурад

Околу стајлингот на актерката Шејлин Вудли имаше поделени мислења. Додека едни сметаа дека панталоните со принт од Изабел Марант, маичка на риги и чевли на пларформа се сосема во стилот на Вудли и совршено ѝ соодветствуваат, други ѝ ја дадоа најниската оценка за стил.

Шајлин Водли во панталони на Изабел Марант

Но, како и да е, кога се наградите во прашање, имаше сигурен успех. За најдобар филм е прогласена мелодрамата The Fault In Our Stars, во која Шајлин ја има главната улога, а токму поради неа ја доби Златни пуканки за најдобра актерка. Исто така, ѝ припадна и наградата за најдобар бакнеж, која ја подели со актерот Ансел Елгорт.

Во категоријата за најдобар актер наградата му припадна на Бредли Купер, за улогата во оскаровското остварување American Sniper.

Мерил Стрип пак славеше во категоријата најдобар негативец, за улогата во филмот Into the Woods.

Чанинг Татум танцуваше за Џенифер Лопез Чанинг Татум танцуваше за Џенифер Лопез

Наградата за најдобра страшна изведба ѝ припадна на Џенифер Лопез за улогата во еротскиот трилер The Boy Next Door,  а најдобра комична улога оствари Ченинг Татум во филмот 22 Jump Street.

Оваа вечер беше успешна и за филмот Neighbors и научно-фантастичниот трилер The Maze Runner, кои добија по три награди. Со две награди си замина екипата од The Hunger Games: Mockingjay – Part 1, а Елизабет Бенкс освои награда за најдобра трансформација на филм.

На линкот овде можете да ја погледнете комплетната листа на добитници и номинирани.

Момент пред бакнеж - Ејми Шумер и Амбер Роуз за малку ќе се бакнеа, а иако спонтан, ова беше оценет како еден од полошите моменти на манифестацијата Момент пред бакнеж - Ејми Шумер и Амбер Роуз за малку ќе се бакнеа

Бредли Купер во разговор со Ејми Шумер Бредли Купер во разговор со Ејми Шумер

Дејв Франко и Зак Ефрон во свој Роберт де Ниро „филм“ Дејв Франко и Зак Ефрон во свој Роберт де Ниро „филм“

Џими Кимел откако го погоди стрелата на Ејми Шумер Џими Кимел откако го погоди стрелата на Ејми Шумер

селфито на Мајлс Телер селфито на Мајлс Телер

Софија и Рис Витерспун пред да излезат на сцена Софија и Рис Витерспун пред да излезат на сцена

Објавено:
14 април 2015
Категорија: 
Сцена