Пред неколку дена го гледавме гламурот на Златните глобуси, а во вторник се одржаа и наградите кои ги доделува критиката. Тоа беше доволно добар повод повторно на едно место да видиме дел од најпопуларните ѕвезди во моментов, како и нивниот моден избор за оваа манифестација.
Бредли Купер, Сандра Булок, Леондардо Дикаприо, Опра Винфри и уште многу други се појавија на црвениот килим. Што се однесува до наградените, како да гледавме реприза од Златните Глобуси.
За најдобра актерка е прогласена Кејт Бланшет, за најдобра споредна улога наградата и припадна на Лупита Нионго. Ејми Адамс е најдобра актерка во комедија, а Сандра Булок во акција. Кога се машките улоги во прашање, со награда се закитија Метју Меконахи, Џаред Лето, Леондардо Дикаприо... За најдобар филм е прогласен „12 години роб“...
Погледнете ги како изгледаа.