•
10 јануари 2014
Фестивалот на интернационалниот филм во Палм Спрингс се одржа неодамна, а е возбудлив бидејќи претставува еден од првите годишни фестивали и дава добар вовед во хитовите кои ќе се наградуваат на Златните глобуси и наградите од Академијата.
Ова издание на фестивалот го одбележаа две ѕвезди од 1990-тите и раните 2000-ти, Џулија Робертс и Сандра Булок. Џулија изгледаше одлично во креација на Гучи со леопард принт, додека изборот на Сандра е розов фустан со потпис на Алекс Пери, дизајнер чии креации во последно време често ги носи.
Вниманието го привлекоа и Бредли Купер и Метју Меконахи, едниот во елегантно одело со потпис на Том Форд, а вториот на Сен Лоран.
Дел од останатите гости и нивните модни избори погледнете ги во продолжение.
Објавено:
10 јануари 2014Категорија:
Сцена