Во Беверли Хилтон хотелот вчеравечер се собраа сите ѕвезди на едно место, а секако со цел 71-вото издание на наградите Златен глобус.
Возбудлива вечер не само за номинираните и добитниците на наградите, кои веројатно се надеваат и на Оскар, туку и за дизајнерите и вљубениците во модата, бидејќи ова беше и вечер на „натпревар“ на креации.
Така, можеа да се видат креации од најновите есен-зима колекции на модните брендови, како и креации создадени специјално за оваа пригода. Меѓу највпечатливите беа Кејт Бланшет која носеше креација на Армани, потоа Ема Вотсон во интересна и по малку неочекувана комбинација на Диор, Тејлор Сфивт која се одлучи за дизајн на Каролина Херера.
Од друга страна пак, според првите впечатоци, Џенифер Лоренс која повторно се одлучи за Диор, и која минатата година беше прогласена за една од најдобро облечените, оваа година потфрли со изборот. Тука ќе ја вклучиме и секогаш впечатливата Џулија Робертс, како и Рис Витерспун која и покрај одличната фигура одбра фустан кој што не и ласка.
На црвениот килим се појавија и одличните Оливија Вајлд и Кери Вашингтон, кои и покрај бременоста го направија вистинскиот изброт.
Мажите беа доследни на кодексот, па видовме одлични костуми со потпис од Том Форд, Гучи...
Во продолжение погледнете ја комплетната галерија за тоа кој како изгледаше и чија креација одбра за оваа гламурозна манифестација, како и листата на добитници на престижната награда.
Листа на добитници:
Најдобар филм драма: „Дванаесег години роб“
Најдобар филм мјузикл/комедија: „Амеркански измамници“
Најдобра актерка : Кејт Бланшет за улогата во „Blue Jasmine“
Најдобар актер: Метју Меконахи за улогата во „Dallas buyers club“
Најдобра актерка во мјузикл/комедија: Ејми Адамс
Најдобар актер во мјузикл/комедија: Леонардо Дикаприо (Wolf of the Wall street)
Најдобра споредна улога: Џенифер Лоренс
Најдобра машка споредна улога: Џаред Лето
Најдобар режисер: Алфонсо Куарон на „Гравитација)
Најдобар ТВ филм или мини серија: Behind the Candelabra
Најдобар актер во ТВ филм или мини серија: Мајкл Даглас
Најдобра актерка во ТВ филм или мини серија: Елизабет Мос
Најдобра актерка во драма: Робин Рајт
Најдобар странски филм: The Great beauty на Паоло Соренто
Најдобар анимиран филм: Frozen на Дизни
Најдобра серија: Брејкинг бед
Најдобра серија комедија: Brooklyn Nine-Nine"
Најдобра песна: U2 - Ordinary Love" - "Mandela: Long Walk to Freedom"