Најдобро стилизираните мажи на Златните Глобуси

14 јануари 2014

Жените го земаат приматот кога во прашање е медиумското внимание и фокусот на изборот на стајлинг во гламурозниот амбиент на доделувањето на престижните Златни Глобуси, но мажите секогаш знаат позитивно да изненадат. Иако кај нив дрес-кодот е можеби поригиден, сепак докажаните брендови и стилисти точно знаат како да одиграт, па  дури и кога прецизно се испочитувани правилата на соодветниот изглед, сепак внесуваат автентичен и препознатлив печат.

На овогодинешните Златни Глобуси видовме фантастични стајлинзи кај посилниот пол. Кадифени сакоа во загасити нијанси, аксесоари кои класичниот изглед го финишираа во урбан стил, машните-пеперутки беа неизбежни во формалниот изглед, но често забележувавме и вратоврски во потесни форми од вообичаените... Еве го нашиот избор:

Метју Меконахи облечен во Долче и Габана Метју Меконахи облечен во Долче и Габана

Арон Пол победнички прослави во костум на Барбери Арон Пол победнички прослави во костум на Барбери

Бредли Купер носи класична машна-пеперутка во избор од Том Форд Брендли Купер носи класична машна-пеперутка во избор од Том Форд

Кевин Спејси изгледаше претставително и соодветно на возраста во Барбери Кевин Спејси изгледаше претставително и соодветно на возраста во Барбери

Омилениот актер на женската популација, Леонардо Дикаприо во неприкоснован стил на Џорџо Армани Омилениот актер на женската популација, Леонардо Ди Каприо во неприкоснован стил на Џорџо Армани

Том Хенкс носи Том Форд Том Хенкс носи Том Форд

Џаред Лето, секогаш посебен, овојпат во дизајн на Сен Лоран Џаред Лето, секогаш посебен, овојпат во дизајн на Сен Лоран

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
14 јануари 2014
Категорија: 
Сцена