Блогерка опиша како изгледа процесот на купување на една култна „Биркин“ чанта

19 март 2022

Познато е дека за чантите на „Ермес“ - „Биркин“ или „Кели“ постои долга листа на чекање и покрај тоа што чинат илјадници долари.

Одри Питер е блогерка и тик-токерка, има 24 години и доаѓа од богато семејство, а на социјалните мрежи споделува моменти од нејзиниот живот, дизајнерски парчиња што вреди или не вреди да се купат итн... Едно од прашањата кои ги добила е и да го опише процесот на купување една „Биркин“ чанта.

@theaudreypeters Reply to @blondiefanbrunnette let the Hermès gods be with you #hermes #hermeskelly #hermesbirkin #LaysGoldenDuet #AVrboForTogether #valentinesday Quirky - Oleg Kirilkov

 

А ова беше нејзиниот одговор.

„Ако сакате да купите „Ермес Кели“ иили „Ермес Биркин“, директно од продавница, постои процес низ кој мора да поминете за воопшто да добиете шанса за тоа. Важно е, од време на време, нешто да купувате од брендот, бидејќи тоа ќе ви даде шанса да влезете или пак да се котирате повисоко на листата личности на  кои воопшто ќе им биде понудено да купат некој од култните модели кои чинат преку 10.000 долари. Секој регуларен купувач има свој профил во компанијата, која одлучува кому ќе му ги понуди овие чанти. Тие се произведуваат во лимитирани изданија, а лиистите на чекање се долги. Но, ниту таа листа е гаранција дали ќе можете да ја купите чантата или не. Единствено за познатите не важи тој протокол. Тие или едноставно ги плаќаат, или им се праќаат на подарок. Исто така, важно е да сте во контакт со некој од продавачите, на кој ќе му се јавувате за да ја провери состојбата на понудата. Колку повеќе купувате, толку подобро“, открива Питерс.

Брендот е секако во ќар, а за купувачите дури ни тоа што можеби можат да си ја дозолат чантата, не значи дека ќе ја имаат, ама тоа сепак не ги спречува да се враќаат и да се обидуваат одново да имаат некој од лимитираните модели во својата колекција. Колку и да звучи банално, сепак, инвестирањето во „Биркин“ чанта не е воопшто глупаво, бидејќи во секој момент можете да ја продадете за илјадници долари.

Објавено:
19 март 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.160 пати