Првично наречена Sac à dépêches, еден модел на чанта достигна култен статус во далечната 1956 година и тоа благодарение на Грејс Кели, со која принцезата всушност се обидуваше да го прекрие трудничкиот стомак. Од тогаш, па до ден денешен, чантите од Ермес пружат незаменливо задоволство за сите дами. Самата еуфорија се зголемува со влегувањето во атељето на француската модна куќа, која неодамна отвори две нови работилници во парискиот кварт Пантин. Во нив се организираат приватни тури, кои на одреден начин се загревање пред Festival des Métiers, изложба која ќе се одржи во сиднејскиот Музеј на современа уметност, каде ќе бидат прикажани рачно изработени модели.
За изработка на чантите во Ермес, особено за Биркин, Кели и Констанца се користи најквалитетна кожа и секоја од нив се изработува од обучени мајстори, кои неколку години се тренираат за да го задоволат високиот стандард, кој го држи оваа луксузна куќа. Креативната директорка Кули Жобер, во работилницата доаѓа еднаш или двапати неделно и смета дека Ермес се единствени токму поради начинот на изработка на чантите. Односно во складиштето на брендот има 600. 000 модели на кожа, од кое секое поминува дури по 200 различни третмани и се бира боја од богатата палета од 400 нијанси. Таа прв контакт со чанта од Ермес, имала во 2000-та година кога со тогашниот креативен директор на Мартин Марџела, работеле заедно на женската ready to wear колекција. Реинтерпретацијата и смислувањето на нови правила за неа бил вистински предизвик, особено поради фактот што Жобер има пристап до архивата на брендот, каде се чуваат сите можни документи од Ермес. Таму се чува и колекцијата изработена од внукот на основачот на брендот, по кого е наречена и самата модна линија - Émile Hermès. Местото е инспирација, ризница и спој на минатото и визионерската иднина.
Голем дел од девојките кои носат модели на чанти од Ермес не се ни свесни за нивното значење. На пример, моделот Кели е изработен во триесеттите години, а името го доби по принцезата Грејс Кели и моделот Биркин, изработен по примерок од 1892 година, по англиската пејачка Џејн Биркин. Луксузниот бренд не се води по постоечките модни правила, туку нуди производи кои траат пет, десет, триесет или повеќе години. Исто така, неизоставен дел од приказната за Ермес е златниот знак, кој се изработува од еден уметник и тоа толку вешто, на начин на кој се прекрива потписот на брендот.
Не случајно најевтиниот модел од францускиот бренд е 4000 долари, па невозможно е да не посакате да ја зачувате засекогаш. Во продолжение прочитајте интересни факти за Ермес::
- 15 до 20 часа се потребни за изработка на една чанта
- 40 парчиња материјали се потребни за изработка на една чанта, модел Кели
- Биркин чантата има четири големини, од 25, 30, 35 и 40 сантиметри.