Брендот Eрмес сакал да именува чанта по Клаудија Шифер, таа одбила

27 август 2013

Еве еден постар моден факт што скоро го откривме – познатиот француски бренд Ермес своевремено ја запрашал дали може еден модел на чанти од нивниот асортиман да се вика Клаудија, а таа одговорила НЕ! Во едно нејзино скорешно интервју дадено за британскиот Elle, Клаудија го откри овој неверојатен факт кога ја прашале кој совет би си го дала на 17-годишната себе си. „Во рок од пет години Ермес ќе те праша дали може да именуваат чанта по тебе, бидејќи веќе ги имаат моделите што ги  носат имињата на Кели и Биркин. Игнорирај ги совети на своите агенти и кажи да!“

 

Клаудија Шифер своевремено одби чанта од Ермес со нејзино име  Клаудија Шифер своевремено одби чанта од Ермес со нејзино име

 

Чантата „биркин“ името го доби по Џејн Биркин, англиска актерка и пејачка. Пред неколку години таа раскажа како чантата го добила нејзиното име. „Седев покрај еден човек во авион и го разгледував распоредот во мојот тефтер кога одеднаш сите листови ми паднаа на под, а тој ми рече: ‘Би требало да имате прегради во вашиот тефтер. Јас сум Господин Дума од Ермес. Дајте ми го тефтерот и ќе се потрудам да ставам прегради во него’. Му го дадов и му реков: ‘Зошто не направите чанта малку помала од вашиот куфер, но доволно голема за можам да ги фрлам сите работи во неа?’. Беше од збор, кога се вратив во Париз мојот тефтер имаше прегради, а наскоро ме праша дали ќе ми пречи по мене да го именува новиот модел на чанта од Ермес,“ раскажа Биркин.

 

Моделот „биркин“ е крстен по Џејн Биркин Моделот „биркин“ е крстен по Џејн Биркин

 

Моделот „кели“ името го доби по Грејс Кели, американска актерка која подоцна стана принцеза од Монако и која наводно ја употребувала чантата за да ја сокрие бременоста од фотографите. Една нејзина фотографија на која ја носи чантата се појави на страниците на магазинот Life во 1956 година, а останатото е историја. Чантите именувани по Биркин и Кели се веројатно најкултните и најпосакувани чанти во светот, па можеби Клаудија со право се кае што своевремено не дозволила една чанта на Ермес да го носи нејзиното име.

 

Грејс Кели го носи моделот „кели“ на Ермес Грејс Кели го носи моделот „кели“ на Ермес

 

Објавено:
27 август 2013
Категорија: 
Актуел