Боемскиот дух на Ирина Шајк за „Bebe“

14 август 2015

Руската убавица Ирина Шајк ја продолжи соработката со американскиот моден бренд „Bebe", па заедно со манекенката Грејси Карвало повторно ги имаат носечките улоги во новиот каталог.

Целиот каталог изобилува со боемска тематика, многу цветни принтови, макси фустани и задовливи тантелни здолништа, што во комбинација со двете девојки, изгледаат божествено.
Сите комбинации се финиширани со впечатливи детали како сандали со реси, масивни ѓердани и обетки, како и широки ремени со кои е нагласен струкот.

Објавено:
14 август 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.235 пати