H&M умерено дозираше луксуз во новата пролетна колекција Conscious

28 март 2014

Шведскиот бренд H&M умерено балансираше помеѓу луксузниот и боемскиот изглед во својата нова колекција за претстојната сезона за која  доби и признание за една од најетичките компании за 2014 според институтот Ethisphere, благодарение на начинот на изработка на парчињата при што биле користени и природни материјали, со што се испраќа порака за зголемување на еколошката свест.

Conscious е колекција која во основа е инспирирана од динамичното темпо на фламенкото, а се состои од романтични здолништа богато украсени со везови и украсни камења, волуменозни асиметрични фустани, костуми со рејлефни принтови, плисирани мини здилништа со висок струк, транспарентни кошули, како и панталони што варираат од такви кои ја шират линијата по должината на ногата до тесни што завршуваат над глуждот.

Колекцијата е надополнета со впечатливи аксесоари за глава, масивни обетки и ремени кои го потенцираат струкот.

Парчињата ќе биде пуштена во продажба на 10-ти април, а до тогаш анализирајте ги парчињата во новиот лукбук во кој дел од парчињата ги носи американската актерка и модел, Амбер Валета.

 

Објавено:
28 март 2014
Категорија: 
Колекции