Кои се најетичките модни компании во светот?

27 март 2014

Институтот кој е составен од група на професори, истражувачи и подржувачи на етичките правила во водењето на бизнисите изминатите осум години, има објавено листи на 144 компании ширум светот и на 44 различни индустрии кои ги следеле овие правила.

Во однос на модните компании,  на листата се нашле шведскиот бренд H&M со двете колекции Conscious и Conscious Exclusive, компаниите M&S, GAP и Levi Strauss. Лицето за односи со јавност од H&M, Карл Јохан Персон изјавил –„ Голема чест е да се биде дел од оваа листа и добро е што луѓето ги препознаваат етичките стандардни според кои работи овој бренд“.

Листата на Ethisphere е направена според пет водечки начела: етички работни програми (25%), репутација, водство и иновација (20%), управување (10%), коорпоративна одговорност (25%) и култура и етика (20%).

Во однос на козметичките компании кои се дел од оваа листа се француската L’Oreal и јапонската Shiseido.

Објавено:
27 март 2014
Категорија: 
Актуел