BoF лансираше бизнис платформа за поврзување на модните професионалци

29 април 2014

И покрај тоа што професиите во модната индустрија се честопати фаворизирани, сепак големите модни куќи не секогаш едноставно можат да ги пронајдат оние професионалци кои со својот деловен профил одговараат на потребите на работното место. Токму затоа, модниот онлајн магазин Business of Fashion вчера официјално ја лансираше својата бизнис платформа преку која може да се поврзуваат модни инсајдери од различни аспекти на модната индустрија.

Според истражувањата на Boston Consulting Group и BoF,  пронаоѓањето на талентирани лица во модните кругови е еден од најголемите предизвици на современите модни компании кои сметаат дека поврзувањето со вистинските луѓе е комплицирано.

Иницирани од оваа проблематика, BoF понудија свое решение преку создавање на глобален пазар за размена на информации и искуства и поврзување на талентираните професионалци со големите модни брендови како: Луј Витон, Сваровски, Викторија Бекам, Тори Бурч и уште многу други звучни имиња кои ќе регрутираат професионални кадри.

Објавено:
29 април 2014
Категорија: 
Актуел