Почина Ајлин Форд, основачката на модната агенција Ford Models

11 јули 2014

Вчера, во 92-рата година од својот живот почина основачката на познатата модна агенција Ford Models, една од највлијателните бизнис жени во модната индустрија,  Ајлин Форд.

Откако заедно со нејзиниот сопруг Џери, ја лансираа Ford Models базирана во Њујорк,  во 1946 година, со текот на годините стана една од најпрогресивните и најпознатите интернационални модни агенции.

Ајлин Форд беше позната по  блискиот однос со нејзините моделки,  нејзиниот заштитнички мајчински инстинкт, залагањето за соодветен третман на највисоко ниво и токму поради тоа ја сметаат за еден од најголемите професионалци во модната индустрија.

Благодарение на нејзиниот пристап пред се како деловна жена, нејзината агенција ги лансираше на модната сцена едни од најзвучните имиња како: Наоми Кемпбел. Брук Шилдс, Ким Бесинџер, Кристи Тарлингтон и уште многу други супер модели.

 

Објавено:
11 јули 2014
Категорија: 
Актуел