Ким Бесинџер во 60-та се враќа на манекенската кариера

27 декември 2013

Оскаровката Ким Бесинџер се враќа на своите манекенски корени со тоа што потпиша договор со модната агенција IMG Models. Таму ќе биде рамо до рамо со својата ќерка, која исто така е дел од оваа позната агенција. Ким е откриена на 16 годишна возраст во родниот град и по кратка дилема решава комплетно да се посвети на оваа професија. Во 1976 година таа се фрустрираше од манекенската работа и одлучи да се посвети на актерството и да се пресели во Лос Анџелес каде ги зема и првите часови по глума. За враќањето во манекенските води на  Бесинџер од IMG велат:

-Горди сме на соработката со така ценета актерка како што е Ким. Таа има неверојатна харизма и одлично изгледа пред камерите, што нас ни отвора ново поле за креативни соработки ширум светот, соопштуваат од агенцијата.

 

Објавено:
27 декември 2013
Категорија: 
Сцена