Роузи Хантингтон-Вајтли е британски модел и актерка, а родена е на денешен ден 1987 година во Девон, Англија. Јавноста најмногу ја знае по ангажманите за Victoria's Secret, Burberry и Marks & Spencer, како и по улогата во филмот Transformers: Dark of the Moon.
Својата кариера како модел ја започнува на 15 годишна возраст за лондонската модна агенција Profile, а првата реклама ја снима една година подоцна за потребите на брендот Levi's.
Во 2006 станува дел од Victoria's Secret, а четири години подоцна и еден од ангелите на брендот за долна облека.
И покрај одличната кариера како модел, Роузи, по кратко време, решава да се посвети на нешто друго – актерството.
Нејзината прва улога е во мега популарниот филм Трансформери, заменувајќи ја Меган Фокс, а во 2015 Роузи исто така се појавува и во Mad Max: Fury Road.
Што се однесува до приватниот живот, од 2016 поранешниот модел е во брак со актерот Џејсон Статам, а парот има и две деца, син и ќерка.
Денес во чест на нејзиниот роденден, го гледаме најдоброто од Вајтли.
Фото:Pinterest