Русокосиот модел Рози Хантингтон Витли и брендот Paige Denim ги здружија силите. Освен фактот што Витли ќе биде новото заштитно лице во нивната кампања по се изгледа дека ќе биде дел и од креативниот тим дизајнери на новите модели фармерки. Сепак официјална потврда за оваа вест нема. Медиумите ја пласираа информацијата во етерот, откако Рози сподели слика на социјалната мрежа Инстаграм држејќи пар светло сини фармерки. Имено, ова нема да биде прво дизајнерско искуство за моделот. Таа е позната по своите колекции на долна облека кои во моментов се најпродавани во светот.
„И да сакав немаше да успеам да најдам посовршен амбасадор за афирмација на нашиот бренд од Рози. Таа ќе биде и инспиративна муза во пролетната рекламна кампања за 2015 година. Рози е навистина фасцинантна девојка и има одлична хемија помеѓу неа и камерата. Не можам да ги дочекам нашите идни соработки“, изјави основачката на брендот Пејџ Адамс-Гелер.
Хантингтон-Витли на годинешниот Vogue фестивал ги откри нејзините аспирации да основа бренд со нејзиното име. Освен што е модел, Рози е и актерка, таа има значајни појавувања во филмовите Transformers: Dark of the Moon и Mad Max: Fury Road, работи и како амбасадор на УНИЦЕФ, а линијата за долна облека која ја создаде со брендот на Маркс и Спенсер беше најпродавана колекција во светски рамки.