Рози Хантингтон секси во новата фотосесија за Маркс и Спенсер

31 декември 2013

Британскиот модел Рози Хантингтон е неверојатно секси во новата кампања за долна облека на брендот Маркс и Спенсер.

Во фотосесијата британската манекенка изгледа подобро од кога и да е, презентирајќи ја новата шармантна и нежна колекција на брендот.

„Сакавме да креираме луксузна колекција на долна облека што ќе биде совршен подарок за Денот на вљубените. Колекцијата прави жената да се чувствува неверојатно женствено и секси. Без разлика дали таа сама ќе си купи дел од колекцијата или пак ќе ја добие на подарок од нејзиниот сакан, истата е вистински начин љубовно да се прослават празниците“, изјави 26 – годишната прекрасна манекенка и девојка на британскиот актер Џејсон Статам.

 

Објавено:
31 декември 2013
Категорија: 
Колекции