Дизајнерско деби на атрактивниот модел Дејвид Ганди

18 јуни 2014

Британскиот топ модел Дејвид Ганди соопштува дека почнува со дизајнирање на линија долна облека во соработка со малопродажниот синџир Марк и Спенсер. Станува збор за 28 парчиња од колекцијата кои освен машка долна облека вклучува и пижами. 34 годишниот омилен модел на Долче и Габана за новиот обид во модниот бизнис вели дека е воодушевен од фактот дека стартува на ново креативно ниво.

-Ова е првпат да бидам инволвиран во директното создавање на модниот дизајн, а уживам во секоја минута посветувајќи се на истиот. Фокусиран сум на изборот на квалитетни материјали, комфорот од истите, односно се што е есенцијално за високо рангирање на крајниот резултат, изјавува славниот манекен.

Секако, Ганди ќе паузира од своите манекенски ангажмани се до промоцијата на колекцијата долна облека, која ќе се случи на 18-ти септември во Лондон.

 

 

Објавено:
18 јуни 2014
Категорија: 
Актуел