Бекам е најдобриот модел за долна облека во светот

18 март 2014

Бекам во кампањата на H & М за 2014 година Бекам во кампањата на H & М за 2014 година

Томи Хилфигер го круниса Дејвид Бекам за најдобриот модел на долна облека во светот.

„Сум соработувал со голем број модели кои позирале во долна облека, но на крајот на денот сметам дека сите имаат една единствена желба, а таа е да изгледаат како Дејвид Бекам. Според мене, тој е најдобриот модел за долна облека на векот“, изјави модниот дизајнер за TMZ.

Дејвид Бекам и Викторија во кампањата на Емпорио Армани за 2007 година Дејвид Бекам и Викторија во кампањата на Емпорио Армани за 2007 година

Бекам прв пат се соблече на боксерки, за кампањата на Емпорио Армани во 2007 година, позирајќи заедно со својата сопруга Викторија. Во февруари 2012 година, тој ја започна својата сопствена линија за долна облека за мажи во соработка со брендот H & М, а беше и заштитно лице на истата и наредните кои следеа.

Бекам во кампањата на H & М за 2012 година Бекам во кампањата на H & М за 2012 година

Објавено:
18 март 2014
Категорија: 
Сцена