Бјанка Балти-амбасадор на италијанската мода во светот!

7 февруари 2014

 

Таа е најпознатиот италијански модел кој за само неколку години успеа да се искачи на високото скалило во модата, појавувајќи се на пистите и красејќи ги насловните станици на многу модни списанија ширум светот.

Бјанка Балти е најбараното лице на во светот на модната индустрија. Долга кафена коса, полни усни, сини очи, извајано тело, слатка насмевка, ова се карактеристиките на најбараната и најпопуларната амбасадорка на италијанската мода во светот.

 

 

Родена во Лоди во 1984 година, се стекнала со класично образование, а потоа се запишува на Универзитетот „Politecnico“ во Милано, на отсекот за дизајн и комуникации. Бунтовниот темперамент на оваа убавица изгледа дека бил допрен од раката на судбината, која затропува на нејзината врата во вистинскиот момент и животот во целост и се променува. Во 2005 година потпишува договор за снимање на рекламна кампања со модното дуо Долче и Габана, кои лично ја избрале, нејзината кариера почнува вртоглаво да нижи само успеси. Истата година, позира за каталогот на Викторија Сикрет, но се појавува и на годишната ревија на брендот, а подоцна станува портпарол на козметичката етикета Ревлон и DKNY и заштитно лице на модните куќи Мисони и Гес.

 

 

Се појавува на насловната страна на NUMERO, фотографирана од Питер Линдберг, а Ени Лејбовиц ја овековечува нејзината убавина за кампањата на Роберто Кавали. Се појавува на модните ревии на Александар Меквин, Ланвин, Баленсијага, Нина Ричи и Валентино. Во 2006 година учествува во рекламната кампања на Манго , а во меѓувреме настапува на модните перформанси за Ботега Венета, Салваторе Ферагамо, Етро и Кристијан Диор. Во 2007 година кариерата и нејзиниот живот се преклопуваат во едно со раѓањето на нејзината прва ќерка Матилда, поради што се преселува во Њујорк. Бјанка во Њујорк  не застанува со работа, туку веднаш е ангажирана во филмот „Go Go Tales“ на Абел Ферара, каде главните улоги ги играат Вилијам Дефо, Азија Аргенто и Стефанија Рока и со кои се појавува на црвениот килим на филмскиот фестивал во Кан.

 

 

Таа е главната хероина на насловната на италијанското издание на Marie Claire и шпански Vogue, а во меѓувреме почнува соработка со La Perla и станува заштитно лице на парфемот на Пако Рабан Black XS. 2008 година го потврдува својот професионален успех, ја заменува Анџелина Џоли и станува заштитно лице на кампањата St. John, а потоа ја започнува соработката со брендовите Cesare Paciotti и Bebe.

 

 

Фотографирана во безброј едиторијали од страна на Елен вон Унверт е Сатоши Саикуза. Во 2009 година го обновува договорот со брендот за декоративна козметика Guerlain. Се појавува на насловните страни на италијански Elle, француски Playboy, магазинот First, а потоа станува заштитно лице на парфемот Bellissima, лансиран од модната куќа Blumarine, за чија кампања позира пред фотообјективот на Микеланџело Ди Батиста. Тери Ричардсон ја овековечува нејзината убавина за реклманата кампања на Ели Тахари, Патрик Демаркелиер за Ermanno Scervino, а Марио Соренти за Чезаре Пачоти. Тука не завршува бурата, следува „дожд“ од едиторијали за париски, германски и италијански Vogue, за да во 2010 својата популарност ја круниса во кампањата на брендот за долна облека Intimissimi. Истата година станува главен протагонист во филмот N°21 на Александро Дел Аква, а не изостануваат ниту нејзините ангажмани на писта и како заштитно лице на модните куќи. Во 2011 година нејзиниот роден град Лоди ја почестува со наградата Fanfullino d’oro, а станува и заштитно лице на компанијата TIM.

 

 

Бјанка е во стандардната постава на ревиите на Армани Приве, Френки Морело, Шанел, Етро и Долче и Габана. Манекенката е дел од рекламните кампањи на Хоган на Карл Лагерфелд, парфемот Signorina на Салваторе Ферагамо и Калеидоскоп повторно на Карл Лагерфелд. Истата година се приклучува кон петицијата против веб сајтовите за анорексија. Од 2012 станува меѓународен амбасадор на L'Oreal. После Моника Белучи,таа е една од најангажираните модели од страна на славното модно дуо Долче и Габана. Нејзиното портфолио е едно од најбогатите со оглед на краткиот период колку што егзистира на модната сцена. Во продолжение погледнете ги фотографиите со прекрасната Бјанка Балти.

 

Објавено:
7 февруари 2014
Категорија: 
Модна икона