Бјанка Балти во духот на гламурот и класиката за Долче и Габана

19 јули 2014

Добар модел очила за сонце е моден додаток кој е од суштинско значење за комплетен летен одмор. Не можеме да се пожалиме, бидејќи за тековнава сезона имавме дури и преголем избор на дизајни, модели и бои, а на вас остана само да ги одберете оние што најмногу ви се допаѓаат, но и оние што најмногу соодветствуваат со формата на вашето лице.

Модниот двоец Долче и Габана, летово сите не освои со своите цветни модели на очила за сонце, а вчера ја промовираа и новата колекција која ќе биде вистински хит за претстојната студена сезона. Како и вообичаено заштитно лице на кампањата е преубавата италијанка со син поглед и полни усни, моделот Бјанка Балти, која позираше во срцето на густа и мрачна шума, седната на кралски стол, облечена во тантелни креации потпишани од Долче и Габана. Како и до сега, фотографските кадри ги улови Доменико Долче кој покажа дека дефинитивно има сенс и остро око кога станува збор за добра фотографија.

Моделот ги претстави новите модели очила за сонце, но и моделите со диоптрија чии дизајни во суштина се во духот на гламурот и класиката, декорирани со животински принтови и украсени со оригинални цветни и златни апликации, бисери и скапоцени камчиња.

Дали и вие воздивнувате пред ваква убавина?

Објавено:
19 јули 2014
Категорија: 
Модни додатоци