Бјанка Балти носи Долче и Габана за Грација
•
25 јули 2016
Топ моделот Бјанка Балти изгледа божествено во костимите за капење од италијанскиот двоец Долче и Габана во едиторијал за јулското издание на француската Грација.
Убавицата ја краси и насловната страна на магазинот, а покрај костимите за капење, комплетниот нејзини изглед за фотосесијата е стилизиран со парчиња од луксузниот бренд.
Фотографиите ги потпиша познатиот фотограф Фабио Леиди.