Совршено модно дуо: Моника Белучи позира во раскошни креации на Долче и Габана
•
5 ноември 2020
Раскошната убавина на Моника Белучи и раскошните креации од „haute couture" линијата на Долче и Габана... звучи како совршенство.
И навистина изгледа така.
Страниците на ноемвриското издание на италијанскиот „Вог" ги краси едиторијал во кој убавицата позира во екстравагантни, флорални креации на луксузниот моден бренд.
Со оглед на тоа дека Доменико Долче и Стефано Габана во многу наврати до сега, кажале и покажале дека Моника перфектно ја отсликува нивната визија за женственост, оваа соработка воопшто не е неочекувана и е само продолжение во низата заеднички проекти.
Погледнете и уживајте...