Важноста на семејството на пиедестал во новата кампања на Долче и Габана

26 јуни 2015

Портрети на денешното модерно семејство се дел од најновата есен-зима 2015/2016 кампања на секогаш неодоливите Долче и Габана. Како и секогаш, тие на едно место ги собраа „најжешките“ модели на денешницата со единствената Моника Белучи како главно лице на кампањата.

Доменико и Стефано по кој знае кој пат создадоа уникатна слика на италијанското семејството составено од мајки, татковци, деца, баби, дедовци, па дури и случајни минувачи во животот како шминкери, молери, фризери итн...

И во оваа кампања, тие повторно ја промовираат важноста на семејството, како што тоа е нешто сосема свето во нивната родна Италија од каде повторно добија инспирација.

Како фотограф на кампањата повторно се потпишува самиот Доменико, додека уметнички директор е Стефано. Дел од кампањата се некои од најпопуларните модели во моментов, меѓу кои и Ешли Гуд, Виториа Церети, Тами Вилијамс, Олга Серова, Џон Халс и уште многу други.

Погледнете ја новата кампања на Долче и Габана и уживајте во нивните неодоливи модели, но и уште еднаш потсетете се на важноста на семејството и без двоумење кренете ја слушалката!

Објавено:
26 јуни 2015
Категорија: 
Фото галерија