Си беше еднаш во Сицилија: Ново магично видео на Долче и Габана!

Светкави костими на витези, кралско семејство, неверојатни детали, совршени креации и...Клаудија Шифер!

Прекрасната манекенка уште еднаш докажа дека навистина не старее. Иако има 43 години, шармантната Германка изгледа подеднакво добро како и сите останати девојки кои се двојно помлади од неа во новото видео на Долче и Габана.

Облечена во совршена црна безвременска креација на брендот, заедно со магичната Бјанка Балти, Виториа Церети, Настја Стен и дел од омилените машки модели како Мариано Онтанон, Ноа Милс, Рајан Берет и уште неколку други, уште еднаш ја прикажуваат прекрасната Сицилија низ уникатната призма на Стефано и Доменико.

Во видеото, сите модели носат креации од новата, есен – зима колекцијата на брендот во која има навистина преубави модни додатоци меѓу кои и нивните добро препознатливи круни, елегантните црни фустани, крзнените додатоци, бајковитите креации и што уште не.

Во продолжение, погледнете го навистина магичното видео на брендот во кое што покрај неверојатните креации, ќе слушнете и бајковита музика и ќе ги видите најубавите машки и женски модели на големите Долче и Габана.

Објавено:
1 август 2014