Дизајнерите и овојпат се инспирирале од Сицилија, нешто што е воочливо не само во самата колекција за пролет-лето 2013, туку и на фотографиите од официјалната рекламата во која главни протагонисти се актерката Моника Белучи, манекенката Бјанка Балти и аристократката Бјанка Брандолини д’Ада. Доменико Долче пораснал на Сицилија и некако постојано го влече тоа влијание од југот на Италија во дизајните што ги потпишува заедно со Стефано Габана. Најновата кампања е снимена во туристичкото гратче Таормина на Сицилија, Доменико за првпат се јавува во улога на фотограф на рекламата, а Стефано е стилист.

Објавено:
8 мај 2013
Категорија: 
Фото галерија