Славејќи го сето она што е убаво во животот, Долче и Габана организираа одличен коктел со бројни ѕвезди веднаш по одржувањето на нивната магична ревија на прекрасниот италијански остров Капри.
Уште еднаш, Стефано Габана и Доменико Долче докажаа дека се неверојатни патриоти, па дури и кога станува збор за изборот на местото каде ја прикажаа последната Алта Мода колекција пред нивните 200 гости.
Целиот настан, дефинитивно послужи како одлична реклама за нивната и онака волшебна и позната Италија.
Познати како одлични домаќини и уште подобри организатори на забави, тие направија вистински спектакл во ридовите на нивниот омилен Капри. На нивната приватна забава присуствуваше и прекрасната актерка Џесика Честен, трендсетерката Ана Дело Русо, Бјанка и Коко Брандолини, актерот Чиветел Еџијофор и многу други.
Особено интересна беше забавата што ја приредија дизајнерите за нивните гости која се состоеше од совршени италијански деликатеси и пијалаци, но и традиционална музика на која сите се забавуваа.
Погледнете како изгледа една забава организирана од Доменико и Стефано во магичната Италија.