Маскарада на Долче и Габана во Венеција

9 јули 2013

 

Италијанскиот моден двоец неколку сезони наназад прикажува колекции што влегуваат под категоријата алта мода, италијански пандан на француската висока мода, а по претставувањето на последната, организираа бал во историската венециска палата Писани Морета. Стефано Габана и Доменико Долче во чест новата кутур-колекција и со идеја да ја истакнат магијата на Венеција поканија видни гости од сферата на модата, филмот и музиката кои на балот во палата стигнуваа со гондоли преку Големиот канал облечени во раскошни костими. Маскираните гости меѓу кои беа Одри Тоту, Ана Дело Русо и Роуз Мекгован примија рачно испишани покани и инспиративни буклети, а дека се мислело на секој детаљ, покажува фактот што при пристигнувањето сите гости добија уникатни венециски маски и биле пречекани од страна на домаќините - Доменико облечен како Харлекин, а Стефано во костим на тореадор. Погледнете ја галеријата со која визуелно ќе ја осетитете атмосфертата...

 

Актерката Роуз Мекгован со дизајнерите Стефано Габана и Доменико Долче     Актерката Роуз Мекгован со дизајнерите Стефано Габана и Доменико Долче

 

 

Објавено:
9 јули 2013
Категорија: 
Актуел