Ciao Bella! Италијански поздрав потпишан од Бјанка Балти

28 јуни 2014

Задржете го здивот и уживајте во природната убавина на жената.

Италијанска убавица  и миленичката на модниот двоец Долче и Габана, моделот Бјанка Балти плени со својата аристократска убавина, зачинета со многу сексапил и бохо амбиент на насловната страна за јули и август на списанието Плејбој Америка. Ова е втор пат прекрасниот модел да позира за Плејбој. Имено 30-годишната италијанка прв пат го покажа своето неверојатно секси тело пред пет години во 2009 во француската едиција на магазинот.

Амазонката со продорно син поглед го освои објективот на фотографот Грег Лотус кој беше маѓепсан од нејзината убавина и затоа изработи ремек дело кое сите ги остави со отворени усти. Едиторијалот праќа жежок поздрав за ова долго и топло лето!

Ciao Bella! Со потписот на Бјанка Балти.

 

 

Објавено:
28 јуни 2014
Категорија: 
Сцена