Дејвид Бекам-божествен во новиот едиторијал на H&M

4 април 2014

Шведскиот моден гигант H&M, вчера ја промовираше најновата колекција на костими за капење за мажи, изработена во соработка со поранешната фудбалска ѕвезда Дејвид Бекам. Станува збор за костими за капење, дизајнирани во А-линија, грациозно моделирани од самиот Бекам, во најразлични стилови, од кои што дел се во форма на шорц, а дел се со пократка должина. Боите кои што доминираат се темно сината, војничко зелената и белата.

Едиторијалот го изработи Глен Лачфорд, а неодоливиот Бекам уште еднаш се најде во улога на секси модел кој со изгледот на своето тело освојува многу женски срца ширум светот. Колекцијата ќе биде пуштена во официјална продажба од 22 мај во сите продавници на H&M.

Ова не е прв пат Бекам да се најде во улога на модел, но и не е прва соработка со модниот бренд H&M. Тој беше нивно заштитно лице на линијата долна облека, но и на линијата што ја лансираше Џорџо Армани. Се чини дека ова семејство знае како да ја искористи славата што ја ужива, ако го земеме предвид фактот дека двата сина на Дејвид, Ромео и Бруклин, полека но сигурно чекорат низ ходниците на шоу бизнисот, неговата сопруга, Викторија Бекам, одлично котира во модните кругови, а малата Харпер, нивната ќеркичка, е веќе миленичка на најмоќната жена во модната индустрија, Ана Винтур.

Објавено:
4 април 2014
Категорија: 
Актуел