Бекам официјално е бренд

3 декември 2014
Откога неколкупати се испроба во лансирањето на капсулни колекции на долна и спортска облека во соработка со комерцијални етикети, пензионираната фудбалска ѕвезда Дејвид Бекам и официјално се впушта во модниот бизнис.
Сега во семејството Бекамови, освен Викторија,  и Дејвид ќе има сопствен линија за спортска гардероба, зад која ќе стои неговиот бизнис партнер Симон Фулер, кој исто така е личноста зад брендот на Викторија.
Плановите се модниот потпис на Дејвид да профитира од моќната популарност  на фудбалска и стилска икона, која на некој начин ужива статус на бренд. Извесен период странските медиуми шпекулираа дека Бекам  ќе лансира сопствен бренд кој ќе биде во склоп на „Global Brends“,  во чие портфолио стојат имињата на 350 брендови. Странскиот медиум WWD ја потврдува информацијата за официјална, а наскоро се очекуваат и детали околу  првата колекција.
Објавено:
3 декември 2014
Категорија: 
Сцена