Како Дејвид Бекам ѝ стана конкуренција на Викторија?

12 јануари 2018

Семејството Бекам важи за едно од најекспонираните во шоу бизнисот. Дејвид и Викторија се постојано ангажирани, особено во модната индустрија.

Ако до сега Дејвид најчесто беше во улога на модел и заштитно лице, од сега тој има нов предизвик следејќи ја во чекор својата сопруга. Имено, тој најави дека ќе лансира своја сопствена козметичка линија за мажи во соработка со L'Oréal Luxе.

Се работи за ексклузивна козметика за мажи брендирана под името „House 99". Насловот на линијата воопшто не е случаен избор, туку зад себе има значајна симболика која Бекам ја поврзува со 1999 година, една од најзначајните во неговиот живот.

Таа година тој стапи во брак со Викторија, го доби првото дете и оствари некои од најдобрите резултати со тогашниот негов тим Манчестер Сити.

Козметичката линија ќе се состои од 21 производ за нега на лице, тело, коса и брада, а Бекам тврди дека сите производи лично ги тестирал.

Линијата се очекува да биде пуштена во продажба на први февруари.

Фото извор: Инстаграм - Дејвид Бекам

Објавено:
12 јануари 2018
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
434 пати