Бекам во новата кампања за долна облека на H&M

2 јули 2014

Доколку некогаш владееше на фудбалските терени, сега целото внимание е насочено кон новите модни предизвици, а овој пат тоа се билборди  каде Дејвид предизвикува во долна облека. Тој стана заштитно лице на новата машка линија долна облека на брендот H&M, а ние не се сомневаме дека вниманието на понежниот пол сигурно ќе биде насочено кон феноменалното тело на Бекам, кое воодушевува на новите црно – бели фотографии.

Во новата кампања за брендот, изгледот на Бекам е сведен на модел на несредена фризура, со брада и секако тука се тетоважите низ целото тело, кои дополнително ја зголемуваат неговата сексапилност. „Се надевам дека на луѓето ќе им се допадне новата машка линија долен веш исто како што ми се допаѓа мене“ – кратко изјавил Дејвид по снимањето на кампањата.

Објавено:
2 јули 2014
Категорија: 
Колекции