Никогаш доста од Дејвид Бекам

22 август 2014

Знаеме дека барем за девојките никогаш не би биле доста нови фотографии од разголениот и провокативен Дејвид Бекам. Откако ја објавивме првата рекламна кампања од новата колекција долна облека на Бекам со комерцијалниот бренд H&M, сега е ред да го погледнете и вториот блок фотографии каде тој позира во парчиња од истата колекција што не беа објавени претходниот пат. Колекцијата вклучува пижами, маици, памучни блузи на долги ракави и кратки спортски панталони.  Во врска со колекцијата Бекам изјавува:

-Уживам во креативниот процес со H&M и многу се забавуваме. Се надевам дека на луѓето ќе им се допаднат парчињата исто колку што ми се допаѓаат мене, а посебно боите и текстурите, вели Бекам.

Фотографиите од случајот се оние најинтересните за Вас, па ќе ве оставиме да уживате во глетката.

 

Објавено:
22 август 2014
Категорија: 
Сцена