Со забава прославена соработката помеѓу Дејвид Бекам и H&M

16 мај 2014

Меѓу гостите кои се појавија на ексклузивната забава во источен Лондон беа дел од тинејџерската атракција One Direction, Ели Голдинг и актерот Арон Пол. Фамозниот Дејвид Бекам првата колекција за H&M ја лансираше во 2012 година, а по првата успешна соработка, секоја сезона нудеше нови интересни дезени и стилови, па логично беше да направи чекор напред во креирање на колекција костими за капење.

Новата колекција костими за капење нуди практичност и удобност во исто време, а понудата е збогатена со bodywear колекција и сурферски и класични шорцеви кои ќе се најдат во сите бутици на H&M од крајот на мај.

Објавено:
16 мај 2014
Категорија: 
Сцена