Џинс колекција на Викторија Бекам за есен-зима 2013

21 август 2013

Вчера преимерно беше лансирано видеото со кое се презентира новата џинс колекција на Викторија Бекам за престојната сезона. Ултра тесни фармерки, мини здолништа, фустани и кожени јакни, Викторија очигледно не се ограничувала при изборот на модни парчиња за оваа своја едиција. Истите ќе чинат од 140 до 1125 фунти.

Во продолжение погледнте дел од колекцијата.

И додека Викторија размислува како да ве облече, Дејвид се соблече за новата кампања за долна облека на шведскиот бренд  H&M. Секако тој не останува во сенка на својата сопруга, туку напротив го привлече вниманието на светските медиуми со својот нов ангажман за чии потреби сними рекламен материјал во своето родно место во источен Лондон.

Објавено:
21 август 2013
Категорија: 
Колекции