Викторија Бекам претстави ексклузивна линија фустани инспирирани од нејзиното минато

29 март 2019

Британската дизајнерка Викторија Бекам за актуелната сезона пролет/лето 2019 лансираше капсулна колекција ексклузивни фустани инспирирани од нејзинато минато како дизајнер.

Како што и самата подвлекува, ова е колекција која се базира на оние кроеви и силуети што изминатава декада биле најпопуларни меѓу нејзините клиенти.

Се работи за безвременски парчиња што се соодветни за различни прилики и што може да се имплементираат во сечиј стил.

„Во архивата од мои колекции во периодот од 10 години, ги разгледав повторно моите омилени стилови и кроеви и ги реинтерпретирав во едно ново издание во кое ја замислувам современата Викторија Бекам жена", вели дизајнерката.

Колекцијата е веќе пуштена во продажба, а парчињата чинат од 950 до 1825 фунти.

Објавено:
29 март 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.406 пати