Фустаните на преклоп од Викторија Бекам – пролетен хит во најава

8 февруари 2019

Љубопитно ги пролистуваме Инстаграм профилите на светските дизајнери, знаејќи дека нивните пролетни колекции се веќе актуелни и во продажба, па според објавите веќе може да насетиме што оваа пролет ќе биде хит.

Меѓу тенденциите што апсолутно ќе владеат на модните улици, се асиметричните кроеви, а во таков фазон се и шармантните фустани на преклоп на Викторија Бекам.

На нејзиниот Инстаграм профил, таа деновиве објави избор од три колоритни варијанти на еден ист модел на фустан на преклоп без ракави.

Во описот за овој модел таа додаде дека може да се носи преку целиот ден, од стартот на деловните обврски до вечерен коктел, па неговиот универзален карактер го прави уште попривлечен.

 

Објавено:
8 февруари 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.510 пати