Ова е најновиот лукбук за колекцијата есен-зима 2014 на Викторија Бекам

11 јуни 2014

Новата модна авантура на Викторија Бекам, поточно за сестринската линија облека, Викторија, е најновиот лукбук за есенско-зимската колекција за тековната 2014 година. Американскиот уметник Тод Хидо е главниот одговорен од идеја до реализација на овој рекламен формат, кој е изработен во мотелска соба.

Двете девојки што позираат носат едноставни парчиња декорирани со апликации од инсекти. Бекам во врска за соработката со фотографот Тод Хидо вели дека сакала да работи со уметник кој досега не бил на класична модна фотосесија, а тоа дополнително и ја разбранувало креативноста и за создавањето на понатамошните кампањи.

Инаку, Викторија Бекам во модниот бизнис се впушти во 2008 година.

Објавено:
11 јуни 2014
Категорија: 
Актуел