Викторија Бекам го откажа второто претставување на NYFW

11 февруари 2014

Поради лоши пресметки со времето, дизајнерката Викторија Бекам го откажа второто шоу од сестринската линија на колекцијата што ја претстави на модната недела во Њујорк. Причините за откажувањето од распоредот, е поради тоа што Бекам и нејзиниот тим не стигнале да ја доработат целата колекција, за која велат дека ќе им бидат потребни уште неколку недели за финализирање.

-Не успеавме да стигнеме поради деталите од вечерните креации кои бараат поголема посветеност и време, изјавува Бекам.

Инаку, Викторија не е единствената што се откажа од учеството на њујоршката модна недела, од презентација на колекција се откажа и Рејчел Зое поради приватни причини,а претставувањето на својата есен-зима колекција ја закажа за изложување во showroom во Париз во месец март.

Објавено:
11 февруари 2014
Категорија: 
Актуел