Викторија Бекам даде своја дефиниција за есенските тенденции

19 август 2014

Трендсетерката, но и успешна модна дизајнерка Викторија Бекам, очигледно целосно и' се предава на својата  страст кон модата, па неуморно продуцира и реализира нови идеи.

Откако неодамна не' изненади со нова мини колекција со пристапни цени, сега Викторија ни претставува 20 нови модни парчиња кои ќе бидат дел од есенско-зимската колекција за 2014/15 година.

Иако минатата сезона, дизајнерката повеќе се пронајде во „момчешкиот“ дизајн, оваа година сепак се одлучи да се прилагоди на своите клиенти продолжувајќи со креирање на женствени силуети, во класични и строги кроеви надополнети со интересни модни додатоци.

Колекцијата содржи миди здолништа во строги линии украсени со едноставни златни синџирчиња, туники кои се финиширани со набори од органза, капути изработени од кашмир, панталони со нагласени рабови како и маици со разиграни принтови.

Ако го земеме во предвид фактот дека за оваа нејзина линија веќе постои голем интерес, тогаш може да констатираме дека Викторија го пронајде својот рецепт за успех.


 

 

Објавено:
19 август 2014
Категорија: 
Колекции