Списанијата „Interview“ и руски „Harper’s Bazaar“, за своите мартовски изданија решија своите насловни страни да им ги отстапат на убавите и искусните. И двете се манекенки што имаат изградено модна кариера и кои што и покрај годините сè уште се активни по модните писти и едиторијали. Погледнете ги неверојатните фотографии на Ким Бесинџер и Синди Крафорд.
Магазинот „Interview“ за насловната страна на својата мартовска едиција ја избра Оскаровката, Ким Бесинџер. Шеесет годишната актерка позираше пред објективот на фотографот Крег Мекдин, кој реши да го прикаже црно белиот свет на Бесинџер, па се одлучи и фотографиите да бидат во црно-бела техника, а пак модниот уредник Карл Темплер беше одговорен за стајлингот на актерката. Гледајќи ги фотографиите тешко е да се поверува дека Ким има шеесет години, а тоа е уште еден доказ дека убавината нема возраст, а жената колку е „постара“, толку е поубава. Секако, таа знае и како да се грижи за себе и за својот изглед, а потврда за тоа е договорот кој го потпиша минатата година во декември за модната агенција IMG models, заедно со уште неколку свои колешки кои веќе ја имаат надминато шеесеттата година, а сепак изгледаат прекрасно.
Супермоделот што ги одбележа ’90-тите години, Синди Крафорд, се најде на насловната страна на мартовското издание на рускиот број на списанието „Harper’s Bazaar“. Во потрага по беспрекорноста на безвременската класика и женствена елеганција, Крафорд успеа да го долови духот на дамската убавина. Хави Гордо, е главниот виновник кој со својот фотографски апарат успеа да сними одличен едиторијал, додека стилскиот елемент и беше доверен на Карла Велч. За Синди да изгледа гламурозно и свежо се погрижи make-up артистот Рејчел Гудвин.