Внуката на Одри Хепберн ја стартува модната кариера

18 ноември 2014

Внуката на легендарната Одри Хепберн, Ема Ферер, нејзината кариера како модел ја стартуваше со септемвриското издание на магазинот Harper's Bazaar, каде што се појави на насловната страна. Нејзиниот прв договор како модел таа го потпиша неколку месеци по дебито.

Новото семејство на Ферер наредниов период ќе биде модната агенција Storm Model Management, чии заштитни лица се Кејт Мос, Синди Крафорд и Кара Делевињ. Дваесет годишната студентка на Академијата за применета уметност во Фиренца, која мошне наликува на својата баба, има одлични услови за старт на една успешна кариера како модел. Ретки се моделите кои на самиот почеток од својата кариера можат да се пофалат со насловна на едно од најпродаваните списанија во светски рамки Harper's Bazaar и фотографски едиторијал зад кој се потпишува култниот Ричард Аведон.

После првата фото сесија, Ферер беше забележана од страна на Албер Елбаз и повикана да се појави на писта како дел од модното шоу Ланвин. Меѓутоа Ема понудата ја одби во последен момент и наместо под рефлекторите реши шоуто да го проследи од првиот ред. Ваквата одлука моделот изјави дека се должи на нејзината несигурност и недоволна храброст да реализира таков подвиг. Сепак, покрај шоуто на Ланвин, Ферер на Модната недела седеше и во првите редови на модните перформанси на Александар Ванг, Ралф Лорен и Каролина Херера.

Во моментов Ема се подготвува да ја напушти Фиренца, каде што студира уметност и да се пресели во Њујорк каде ќе ја стартува кариерата како модел. Веќе во јануари, таа го има закажано својот прв кастинг. Како ќе се одвиваат работите во иднина останува да видиме.

 

 

 

Објавено:
18 ноември 2014
Категорија: 
Актуел