Убавината на Наоми Кампбел ќе ве хипнотизира од насловната на Harper’s Bazaar

4 септември 2014

Шпанското издание на модниот магазин „Harper’s Bazaar“ ја слави својата 35-годишнина од постоењето со насловна страна на која има  „чоколаден“ подарок до читателите. Така звучи метафорично, но станува збор за супермоделот Наоми Кемпбел која е ѕвездата на септемвриското издание. Покрај Кемпбел, во едиторијалот од уште две насловни  се вклучени и убавиците на сите времиња, Синди Крафорд и Клаудија Шифер, но Наоми е главната хероина.

 

Фотосесијата ја потпишува фотографот Хао Зенг, додека дизајнерските имиња кои се вклучени преку неодоливите креации што ги носат трите стилски икони се оние на Балман, Стела Мекартни и креациите на Прада од Ник Нелсон.

Објавено:
4 септември 2014
Категорија: 
Актуел